Грандиозниот огномет во Дубаи приреден по повод влегувањето во 2014 година влезе во Гинисовата книга на рекорди како најголем досега организиран во светот.
„Десетмесечна подготовка и повеќе од 500.000 испалени ракети за огнометот кој траеше околу 6 минути“ – стои на интернет страната на Гинисовата книга на рекорди и се истакнува дека станува збор за нов светски рекорд.
Овој пиротехнички спектакл се простираше на површина од 94 километри. За ракетите биле задолжени 200 техничари кои ги палеле од 400 лансирани рампи, а огнометот вкупно чинел шест милиони долари.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.



