
Прилепчани добија современо лизгалиште лоцирано во самиот центар на градот, кое ќе работи преку целата недела. Капацитетот е околу 30 лизгачи во една група.
Наставниците по физичко образование од училиштата го поздравија проектот, оти ќе овозможи во наставата да се вклучи и лизгањето.
Лизгалиштето ќе работи до првата половина на март, а цената е 30 денари со изнајмени лизгалки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


