| четврток, 6 декември 2018 |

Смртта на секој човек ме намалува мене…

Ќе се сеќаваме на нив...

Ни­е­ден чо­век не е остров сам за се­бе. Се­кој чо­век е дел од кон­ти­нен­тот, дел од це­ли­на­та… Смрт­та на се­кој чо­век ме на­ма­лу­ва ме­не…За­тоа не пра­шу­вај за ко­го би­јат кам­ба­ни­те.

Ма­ке­дон­ци­те ќе се се­ќа­ва­ат и ќе пре­ра­ска­жу­ва­ат за бе­бе­то Нај­ден, оној млад бо­рец, кој, се­пак, не ја из­др­жа би­тка­та за жи­вот. Ма­ли­от Нај­ден бе­ше про­нај­ден во Ара­чи­но­во со отсе­че­но ја­зи­че и со мо­дрин­ки по це­ло­то те­ло. За не­го се кре­на на но­зе це­ла Ма­ке­до­ни­ја. Беа ор­га­ни­зи­ра­ни по­го­лем број ху­ма­ни­тар­ни ак­ции за да му се по­мог­не. За жал,  се про­стив­ме од не­го. Не­го­во­то ма­леч­ко ср­це по­пу­шти… Тоа е ју­на­кот од 2013 го­ди­на.

Спо­мен за вла­ди­ка­та Ки­рил

kiril740x320

За­ми­на Нај­ден, за­ми­наа и мно­гу дру­ги еми­нент­ни и зна­чај­ни ими­ња од зем­ја­ва. Пра­вос­лав­ни­те вер­ни­ци се про­сти­ја од вла­ди­ка­та Ки­рил, кој по­чи­на во ју­ни, на 79-го­диш­на во­зраст. Ис­лам­ски­те вер­ни­ци, пак, се збо­гу­ваа од ха­џи Ја­куп-ефен­ди Се­ли­мов­ски, ди­ре­ктор на Се­кто­рот за обра­зо­ва­ние и за вер­ски пра­ша­ња во Ис­лам­ска­та вер­ска за­ед­ни­ца и по­ра­не­шен неј­зин пог­ла­вар.

И по­ли­ти­ка­та оста­на по­ку­са за не­кол­ку ими­ња. Во 2013  по­чи­на еден од ос­но­ва­чи­те на ДУИ, Аб­ду­ла­хим Ка­са­ми, ка­ко и не­ко­гаш­ни­от пра­те­ник и по­ра­не­шен пре­тсе­да­тел на ПДП, Аб­ду­ра­ман Али­ти.

Пос­лед­но збо­гум ма­ке­дон­ска­та јав­ност ис­пра­ти и до Сне­жа­на Ос­ман­ли, ед­на од најз­на­чај­ни­те по­ли­тич­ки фи­гу­ри на Ма­ке­до­ни­ја, ко­ја бе­ше дол­го­го­ди­шен шеф на ка­би­не­тот на пре­тсе­да­те­лот Ки­ро Гли­го­ров.

Во се­ќа­ва­ња­та ќе оста­не и по­ли­тич­ки­от ана­ли­ти­чар Але­ксан­дар Ве­лич­ков­ски, ка­ко и пр­ви­от ане­сте­зи­о­лог, д-р Ри­сто Ива­нов­ски.

Но­ви­на­ри­те за­гу­би­ја мно­гу ими­ња

Но­ви­на­ри­те ќе ја па­ме­тат 2013 го­ди­на ка­ко го­ди­на во ко­ја за­гу­би­ја мно­гу ими­ња во сво­ја­та фе­ла, ими­ња што пре­ра­но за­ми­наа од овој свет. За­ми­на Ни­ко­ла Мла­денoв, сопс­тве­ни­кот на „Фо­кус“. Во март за­ми­на чо­ве­кот што пра­шу­ва­ше што е жи­во­тот ако не­ма гре­шки? „Бит­но е гре­шки­те да не ве оне­воз­мо­жат да се диг­не­те и да про­дол­жи­те на­та­му. Бит­но е да не ве но­ка­у­ти­ра­ат“, ве­ле­ше тој. Во март 2013 го­ди­на за­ги­на во со­о­бра­ќај­на нез­го­да.

1mladenov

Никола Младенов

Шо­кот за но­ви­нар­ска­та фе­ла не за­вр­ши ту­ка. Три ме­се­ци по­доц­на по­втор­но прет­став­ни­ци­те на сед­ма­та си­ла со сол­зи на очи пи­шу­ваа ста­тии за за­ми­ну­ва­ње­то на но­ви­на­рот Ро­бер­то Бе­ли­ча­нец…. За­ми­на пре­ра­но, не­го­во­то ср­це отка­жа, ве­ро­јат­но ка­ко пос­ле­ди­ца на веч­на­та тр­ка со вре­ме­то…

roberto1

Роберто Беличанец

Але­ксан­дра Да­мев­ска, Искра Ефти­мо­ва, ве­те­ра­нот во ма­ке­дон­ско­то но­ви­нарс­тво Гор­да­на Ри­стев­ска… Тоа се но­ви­на­ри­те од кои се про­стив­ме во три­на­е­сет­та­та го­ди­на од овој век. Нѐ на­пу­шти и еден од нај­поз­на­ти­те те­ле­ви­зи­ски па­то­пис­ци, Љу­бе Цве­та­нов­ски.

Ѓор­чев, Све­ти­ев, Ла­у­рен­чиќ, Ду­ле…

Актер­ска­та сце­на оста­на по­ку­са за не­кол­ку ими­ња. Се збо­гу­вав­ме со Бран­ко Ѓор­чев, ма­ке­дон­ски­от актер што ве­ле­ше де­ка уба­ви­на­та се­ко­гаш по­бе­ду­ва. Но тој не ја по­бе­ди бо­ле­ста… За­ми­на на пе­де­се­тго­диш­на во­зраст и оста­ви праз­ни­на на ма­ке­дон­ска­та те­а­тар­ска сце­на, ка­ко што оста­ви праз­ни­на и Вла­ди­мир Све­ти­ев, еден од нај­екс­по­ни­ра­ни­те ма­ке­дон­ски акте­ри.

branko gorcev

Бранко Ѓорчев

Све­тот го на­пу­шти и филм­ски­от ра­бот­ник Сте­ван Ацев­ски, про­ду­цент на мно­гу поз­на­ти ма­ке­дон­ски фил­мо­ви. За­ми­на и Иво Ла­у­рен­чиќ, чо­ве­кот што се пла­ше­ше од про­сеч­ност, а се­ко­гаш соз­да­ва­ше уни­кат­ност и не­по­втор­ли­вост. Соз­да­ва­чот на мар­ки ис­пол­не­ти со при­каз­на и со трај­ни вред­но­сти.

Ма­ке­дон­ска­та кул­ту­ра за­гу­би мно­гу ими­ња во 2013 го­ди­на­ва. Пи­са­тел­ка­та Ве­ра Бу­жа­ров­ска, флеј­ти­стот Ни­ко­ла Ата­на­сов, пи­ја­нис­тка­та Сте­ла Сле­јан­ска-Сто­ја­но­ска, ди­ри­ген­тот Але­ксан­дар Ле­ков­ски, Куз­ман Поп Сте­фа­ни­ја,  во­да­чот на охрид­ски­от ан­самбл на ста­ро­град­ски пес­ни „Бил­ја­на“….

dusan ljubosavlevic

Душан Љубосављевиќ

Естра­да­та се збо­гу­ва од Ду­шан Љу­би­сав­ље­виќ, или по­поз­нат ка­ко Ду­ле од „Ду­ле и Ко­ки“. За­ми­на пре­ра­но, гу­беј­ќи ја би­тка­та со ра­кот. Не­ве­ру­ва­ње и та­га за мла­ди­от жи­вот. Не­ве­ру­ва­ње и за пре­ра­на­та смрт на не­го­ва­та со­гра­ѓан­ка, два­е­сет и се­дум­го­диш­на­та ма­не­кен­ка Ма­ле­на Див­че­ва. И таа се бо­ре­ше со ра­кот, но бо­ле­ста бе­ше по­сил­на.  Би­тка­та со ра­кот ја за­гу­би и Ацо Кон­га. Ве­ру­ва­ше де­ка ќе би­де по­си­лен, јав­но­ста се оби­де да му по­мог­не да со­бе­ре средс­тва за ва­ње. За жал, ед­на не­де­ла пред кра­јот на го­ди­на­та за­ми­на и Кон­га, еден од чле­но­ви­те на „Но­ка­ут“.

pero komita

Перо Комита

И во спорт­ска­та фе­ла нѐ на­пу­шти­ја не­кол­ку ими­ња што оста­ви­ле го­ле­ма тра­га во ма­ке­дон­ски­от спорт. Ко­ми­ти­те се збо­гу­ваа од еден од ос­но­ва­чи­те на на­ви­вач­ка­та гру­па,  Пе­ро Ко­ми­та (Пе­ро Апо­сто­лов). За­ми­на и фуд­бал­ски­от тре­нер Ла­зар Плач­ков,  фуд­бал­ски­от ра­бот­ник Ван­чо Та­ков­ски, ка­ко и ра­ко­мет­ни­от спорт­ски ра­бот­ник Ефтим Џи­ге­ро­ски.

За­ми­наа, но зад се­бе оста­ви­ја тра­га, по ко­ја ќе ги па­ме­ти­ме ние, тра­га по ко­ја ќе ги зна­ат и ид­ни­те ге­не­ра­ции.

Броз, Лам­ба­ша, Чу­ма…

Бал­ка­нот та­гу­ва­ше по Јо­ван­ка Броз, со­пру­га­та на пре­тсе­да­те­лот Јо­сип Броз – Ти­то. Се­пак, нај­го­лем шок бе­ше пре­ра­на­та смрт на хр­ват­ска­та актер­ка До­ло­рес Лам­ба­ша, ко­ја за­ги­на во со­о­бра­ќај­на нез­го­да.

jovankabroz_arhiva_625

Јованка Броз

Се збо­гу­вав­ме и од неј­зи­ни­те ко­ле­ги Ја­нош Тот, Дра­го­мир Чу­миќ  – Чу­ма и Ру­жи­ца Со­киќ. Спо­ме­нот оста­ну­ва и за Ен­цо Ле­сиќ од „Ин­де­кси“, пи­са­те­лот Мир­ко Ко­вач, тре­вар­ка­та Ма­ти­ја Па­у­нов­ски, фуд­бал­ски­те ра­бот­ни­ци Јо­сип Ку­же, Вла­тко Мар­ко­виќ и Иван Ту­ри­на, пр­ви­от тре­нер на Но­вак Ѓо­ко­виќ, Је­ле­на Ген­чиќ, алп­ски­от ски­јач Бо­рис Стрел.

Во 2013 го­ди­на за­ми­наа и но­ви­на­ри­те Але­ксан­дар Ти­ја­ниќ и Жељ­ко Мал­нар.

Ман­де­ла, Та­чер, Ча­вез…

Свет­ска­та му­зич­ка, филм­ска и по­ли­тич­ка сце­на го­ди­на­ва се про­сти од мно­гу ими­ња. Акте­рот Пи­тер О’Тул, поз­нат по сво­ја­та уло­га во фил­мот од 1962 го­ди­на „Ло­ренс од Ара­би­ја“, по­чи­на на 14 де­кем­ври на 81-го­диш­на во­зраст. Актер­ка­та Еле­нор Пар­кер, но­ми­ни­ра­на за „Оскар“ три­па­ти во неј­зи­на­та ка­ри­е­ра (1950, 1951, 1955), по­чи­на на 9 де­кем­ври на 91-го­диш­на во­зраст.

mandela_face_2280516b

Мандела

Нај­го­ле­ми­от бо­рец за чо­ве­ко­ви пра­ва, и пр­ви­от црн пре­тсе­да­тел на Јуж­на Афри­ка, кој го по­бе­ди апарт­хеј­дот, го за­вр­ши „дол­ги­от пат“ на 5 де­кем­ври. Нел­сон Ман­де­ла има­ше 95 го­ди­ни.

Во со­о­бра­ќај­на нез­го­да за­ги­на и че­ти­ри­е­се­тго­диш­ни­от Пол Во­кер, ѕвез­да­та од фран­ши­за­та „Бр­зи и бес­ни“.

Но­бе­ло­вка­та До­рис Ле­синг по­чи­на во неј­зи­ни­от дом во Лон­дон на 17 но­ем­ври. Бри­тан­ска­та автор­ка е нај­поз­на­та по неј­зи­на­та кни­га „Злат­ни­от но­тес“.

Лу Рид, кој бе­ше еден од најв­ли­ја­тел­ни­те му­зи­ча­ри, тек­сто­пи­сец, во­ка­лен со­лист и ги­та­рист на „Вел­вет ан­дер­гра­унд“ по­чи­на на 27 октом­ври на 71-го­диш­на во­зраст.

Бил Шер­ман, ко­шар­ка­рот од „Ку­ќа­та на слав­ни­те“, кој освои че­ти­ри шам­пи­он­ски ти­ту­ли во НБА ка­ко играч, ед­на ка­ко тре­нер и пет „од кан­це­ла­ри­ја“, по­чи­на на 25 октом­ври во јуж­на Ка­ли­фор­ни­ја на 87 го­ди­ни.

Ре­пуб­ли­ка­не­цот Бил Јанг од Фло­ри­да, кој ва­жи за ре­пуб­ли­ка­нец со нај­долг стаж во Прет­став­нич­ки­от дом на САД, по­чи­на на 18 октом­ври на 82 го­ди­ни.

Фо­то­ре­пор­те­рот Бил Еприџ, пр­ви­от чо­век што го фо­то­гра­фи­ра­ше се­на­то­рот Ро­берт Ф. Ке­не­ди са­мо не­кол­ку мо­мен­ти отка­ко бе­ше за­стре­лан во Лос Ан­џе­лес во 1968 го­ди­на, по­чи­на на 3 октом­ври.

Акте­рот Џејмс Ган­дол­фи­ни по­чи­на на 51 го­ди­на од ср­цев удар. Ган­дол­фи­ни ста­на еден од нај­поз­на­ти­те акте­ри во филм­ска­та ин­ду­стри­ја пре­ку не­го­ва­та уло­га во се­ри­ја­та „Со­пра­но­ви“.

Реј Ман­за­рек, кла­ви­ја­ту­рист и еден од ос­но­ва­чи­те на „Дорс“ по­чи­на од рак на 20 мај на 74-го­диш­на во­зраст.

По­ра­неш­на­та бри­тан­ска пре­ми­ер­ка Мар­га­рет Та­чер, ед­на од нај­го­ле­ми­те фи­гу­ри во пос­тво­е­на Бри­та­ни­ја и свет­ска­та по­ли­ти­ка и единс­тве­на­та же­на-пре­ми­ер на Бри­та­ни­ја, по­чи­на на 87 го­ди­ни на 8 април.

cavez

Уго Чавез

Уго Ча­вез, пре­тсе­да­те­лот на Ве­не­цу­е­ла, кој се прог­ла­си се­бе­си за „со­ци­ја­лист на 21 век“ и не­при­ја­тел на САД, по­чи­на на 5 март.

За­ми­наа Мет Гро­нинг (Марџ од Сим­со­но­ви), Крис Ке­ли од „Крис крос“, ико­на­та на Вуд­сток Ри­чи Хеј­венс, хо­ли­вуд­ска­та си­ре­на Естер Ви­ли­јамс, Клајв Бур – та­па­на­рот на Ајрон Мејдн, ко­ми­ча­рот Мел Смит, ко­шар­кар­ски­от мит Сер­геј Бе­лов.

Пишува: Билјана Зафирова



Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top