| четврток, 6 декември 2018 |

Се подготвува најдобрата комедија досега

Кралиците на холивудските комедии Сандра Булок, Џенифер Анистон и Камерон Дијаз го подготвуваат нивниот прв заеднички проект.

Според Перез Хилтон , девојките сѐ уште се во преговори, но идејата е да се направи најдобрата женска комедија некогаш.

– Успехот на филмовите како „Жештина“ („Heat“) и „Деверуши“ („Bridesmaids“) покажаа дека женските комедии многу добро поминуваат кај публиката и Сандра, Џен и Камерон многу би сакале да работат заедно – открива непознат извор .

Наводно главната улога треба да му припадне на Сандра, а со оглед на тоа дека уште една холивудска дама е во потрага по нов проект, а тоа е  Дру Баримор, многу е можно и таа да се приклучи кон оваа идеа, но овој пат зад камерите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top