| четврток, 6 декември 2018 |

Двајца Албанци паднале во провалија на Галичица

Двајца албанци утрово паднале во провалија на Галичица, објави Охриднет.

Во тек е акација на нивно извлекување.

Од охридската полиција велат случајот бил пријавен утрово, а несреќата се случила во близина на една црква. Според првичните информации едниот е тешко повреден, додека другиот поминал со полесни повреди. Не се знае дали албанските државјани биле планинари и што правеле на македонска страна на планината.

Подетални инфромации се очекуваат подоцна.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top