Здружението за заштита на животните и животната средина „ЕДЕН“ организира завршен настан во рамки на проектот „Заштита на природата во НП Галичица: бајка или реалност“ поддржан од ИПА 2 Механизмот за граѓанските организации.
На настанот ќе се презентираат резултатите од проектот, а г. Ајман Ал Малла, раководител на Сектор за животна средина во Општина Ресен, ќе ја сподели и успешната приказна на Општината која преку добро владеење стабилно чекори по патот на одржливиот развој.
Освен на овие две теми, ќе се дискутира и за исходот од состанокот на граѓанскиот сектор со реактивната мисија на УНЕСКО.
Настанот ќе се одржи на 24 април 2017 г. (понеделник) со почеток во 12:00 ч. во хотел Royal View Охрид.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.