Е.К. (30) од Пехчево синоќа околу 19:10 часот скокнал во провалија пред вереницата и нејзиниот вујко. Немилиот настан се случил на автопатот Скопје Велес кај местото Ветерско, а Е.К. и покрај потрагата која траела до полноќ, не бил најден.
Како што соопшти полицијата, Е.К. најпрво се паркирал со возило на просторот кај Ветерско, потоа излегол од него и скокнал. Пребарување на теренот извршила екипа од ЕСЗ „Тигар“, но безуспешно. Рано утрово околу четири часот Интерното одделение на ЈЗУ Велес пријавило дека лекарска помош побарало лицето Е.К., кое било донесено од роднина. Се работи на целосно расчистување на случајот.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.