Првичните, неофицијални резултати од сателитските мерења со кои располага Природно-математичкиот факултет во Скопје, последните земјотреси од Охридскиот регион издигнале некои делови на северот на Галичица за 4 до 5 сантиметри.
Мерењата за хоризонталните поместувања на земјиштето што се случиле во поширокиот регион на епицентарот на земјотресите покажуваат поместувања од најмалку 30-тина сантиметри во правец на југоисток.
Сепак, според професорот Ивица Милевски од ПМФ, станува збор за сателитски податоци кои допрва треба подетално да се утврдат, пренесува Алсат-М.
Најголем дел од 1.200-те земјотреси кои се случија во последниве 20-тина дена се со епицентар во северниот дел на планината Галичица.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.