| четврток, 6 декември 2018 |

Тројца уапсени за пукање во куќата на германскиот амбасадор во Атина

greece attackТри лица се уапсени во Атина по пукањето врз резиденцијата на германскиот амбасадор. Најмалку четири куршуми од „Калашников“ завршиле на надворешната метална врата на резиденцијата, зад безбедносен ѕид на фрекфентна улица во северно предградие на грчката престолнина. Во инцидентот нема повредени.
Истрагата собрала 15 куршуми, иако врз резиденцијата е пукано најмалку 20 пати. Обезбедувањето не употребило оружје затоа што станувало збор за густо населен станбен кварт.
Според полициски извори, имало двајца напаѓачи кои оделе пешки.

Грчкиот премиер Андонис Самарас и министерот за јавен ред Никос Дендиас по инцидентот телефонски разговарале со германскиот амбасадор во Атина Волфганг Долд, соопштува полицијата.
Антигерманската реторика е широко распространета меѓу грчките опозициски политичари и групи, кои се противат на спасувачките договори за земјата, заради строгите мерки за штедење, кои тие ги наметнуваат. Германија е најголемиот поединечен учесник во 240 милијарди тешката спасувачка програма за Грција и таа врши перманетнен притиок врз Атина да спроведување на болните буџетски кастрења и реформи, за да ги заздрави своите финансии.
Резиденцијата на германскиот амбасадор била цел на напад и во 1999 година, кога членови на сега растурената екстремистичка група „17 ноември“ истрелаа ракета, што го погоди покривот на зградата, потсетуваат агенциите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top