| четврток, 6 декември 2018 |

Северина сака половина од имотот на Милан

Според хрватските закони, пејачката Северина има право на половина од целиот имот на нејзиниот поранешен сопруг Милан.

Според пишувањата на „Курир“ Северина решила да си го земе „нејзиниот“ дел, па затоа таа ангажирала адвокати кои треба да направат попис на имотот на Милан Поповиќ и да и ја одредат нејзината половина.

Изворот на овој весник пишува дека Северина затоа потенцирала во медиумите дека таа и Поповиќ биле во вонбрачна заедница повеќе од две години, како таа би добила право за неговиот имот.

– Хрватскиот закон вели дека доколку живееш со партнерот две години во вонбрачна заедница и имаш дете со него, стекнуваш право на дел од неговиот имот. Поради тоа Северина секогаш говорела дека таа и Милан се заедно, дури и дека се верени. Иако никогаш не биле – се наведува во текстот.

Иако Милан веќе на нејзината сметка уплати половина милион евра, на барање на менаџерот на пејачката, сепак тоа најверојатно не било доволно.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top