Стотина жители на Тетово се собраа, симболично во 5 до 12, на протест на тетовскиот плоштад во знак на протест против загадениот воздух во градот.
Со маски на лицата и транспаренти побараа од надлежните да преземат мерки за намалување на загаденоста.
Тое воедно побараа од локалните власти привремено да се запре со работата на фабриката Југохром, да се реши проблемот со дивите депонии и да се обезбедат субвенции на сметките за струја за да се намали употребата на јаглен и дрва.
Доколку до 15 јануари нивните барања не се реализираат, најавија дека ќе преземат нови мерки.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.