| четврток, 6 декември 2018 |

По повредата на Филип Лазаров, Обрван го повика Ангеловски за ЕП во Данска

branislav angelovski

Ивица Обрван, селекторот на македонската машка ракометна репрезентација дополнително го повика левиот бек Бранислав Ангеловски за настап на Европското првенство (ЕП) во Данска во јануари. Ова по сериозната повреда на Филип Лазаров, кој игра на истата позиција како Ангеловски. Ф. Лазаров на подготовките во Пореч ја скрши дланката и за него ЕП заврши уште пред да почне. Претходно се повреди и Наумче Мојсовски.

Ангеловски,е член на романска Констанца со повеќе од 150 настапи во репрезентативниот дрес.

Според информациите на ТВ Сител, Ангеловски на подготовките на националниот тим ќе се приклучи на 1.јануари во Скопје кога репрезентативците ќе се вратат од Пореч.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top