| четврток, 6 декември 2018 |

Драгица Камчева од Неготино изгреба 100.000 денари на „Детелинка“ на Лотарија на Македонија

Драгица Камчева од Неготино е добитник на 100 илјади денари на Инстант лозот „Детелинка“ на Државна лотарија на Македонија.

Драгица е студентка на Технолошко-металуршкиот факултет во Скопје. Својот среќен Инстант лоз Дететлинка го купила во продажното место Так Тобако во скопската населба Карпош 4.  Интересно е што до овој лоз стасала откако претходно заменила  дури 6 други инстант лоза кои имале добивка од 40 денари.

Покрај над 60 возила во останатите инстант лозови,  во Инстант лотаријата Детелинка досега има дури тројца добитници со парична добивка од 500.000 денари.

Лозот Детелинка  беше лансиран точно пред една година, на крајот на 2012, а во својата добитна комбинација вклучи само парични добивки од кои: 5 добивки по 500.000 денари, десет добивки по 100.000 денари, сто добивки од по 10.000 денари и други бројни добивки од 30 до 1.000 денари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top