Ракометарот на германски Кил, Гудјон Валур Сигурдсон прикажа неверојатна игра и снаодливост, а трите погодоци што ги постигна против Лемго се вистинско врвно достигнување.
Првиот од трилингот прекрасни погодоци го постигна од гол на гол, а вториот е ремек-дело, нешто што ретко се гледа во ракометот. Од одбрана, во скок Сигурдсон спаси гол, а веднаш потоа без да падне на земја ја упати топката кон противничкиот гол. Голманот на Лемго се обиде со лизгачки старт да ја сочува мрежата, но не успеа.
И третиот погодок на исландскиот репрезентативец е за респект, а Сигурдсон умешно го круниса убавиот цепелин.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


