Ѕвездата на „Беверли Хилс 90210“, Џени Гарт, изјавила дека ќе напише книга за својот брак со цел да му се одмазди на својот маж, Питер Фачинели, кој ја изневерил.
– Џени ќе ги разоткрие сите негови валкани тајни, бидејќи сака да му се одмазди – рекле нејзините блиски пријатели.
Гарт изјавила дека сé уште му нема простено на Фачинели што ја оставил минатата година по 11 години брак и дека не знаела како да им соопшти на своите ќерки дека бракот и пропаѓа.
Тој поднесол барање за развод наведувајќи ги непомирливите разлики како причина за ставање крај на бракот.
Само неколку месеци откако објави дека се разделува од неговата сопруга, Фачинели започна да излегува со актерката Џејми Александар.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Промоција на книгата „Конзерваторско-реставраторски методи и третмани на Охридската збирка икони“од Ангелина Поповска
-
Промоција на книга раскази за Ново маало од Владимир Плавевски
-
Промоција на книгата „Љубовта на Генерал Ш“ од Лира Бојку во Паркот на книгите
-
Промоција на збирката раскази „Динга стоп: скопски приказни од Ново маало“ од Владимир Плавевски