Според класификацијата на компанијата „Ернест и Јанг“, најскапа компанија во светот, со пaзарна вредност од 490 милијарди долари, и натаму останува „Епл“.
Втора е нафтената компанија „Eксон“ која има вредност од 434 милијарди долари, а ја следи компанијата „Google“ со 363 милијарди.
На листата се најдоа три швајцарски компании „Роше“, „Новартис“ и „Нестле“ и тие се во првите 20.
Компанијата „Roshe“ поседува пазарна вредност од 232 милијарди долари и се наоѓа на 11-тата позиција во светот.
Со сума од 229 милијарди долари, „Нестле“ е на 13-тото место, а „Новартис“ на 18-тото место со 212 милијарди долари.
Во вкупната класификација, водат компаниите од САД, Велика Британија, Кина, Германија, Франција и Австралија.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.