СДСМ на прес-конференција објави дека поднеле кривична пријава за министерката за култура, Елизабета Канческа- Милевска, против поранешниот градоначалник на општина Центар, Владимир Тодоровиќ, и советниците на Општина Центар од ВМРО-ДПМНЕ во претходниот мандат, како што наведуваат, „за основано сомневање за сторено кривично дело злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, став 5 од Кривичниот закон, и нанесена штета на Буџетот на РМ во вредност од над 3,5 милијарди денари или повеќе од 58 милиони евра“.
Од Министерството за култура реагираат дека Министерството „веќе има поднесено пријава согласно Законот за граѓанска одговорност за навреда и клевета, ја информираме јавноста дека СДСМ продолжува со ширење на лаги и невистини чија единствена цел е манипулирање со законите и законските процедури во државата“.
Со соопштение Министерството за култура информира дека согласно Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја во член 5 јасно и децидно стои кој може да поднесе иницијатива за подигање меморијален споменик и спомен обележје, а тоа се сите физички лица и правни лица.
„Под физички лица се подразбираат сите граѓани на РМ, а под правни лица сите правни субјекти во РМ (државни институции, установи, здруженија на граѓани, трговски друштва и тн). Значи согласно Законот за меморијалните споменици и спомен-обележја секој може да поднесе иницијатива за подигање на меморијален споменик и спомен-обележје. Поднесувањето на иницијативата не претставува кривично дело. Иницијативата по својата суштина е демократско право на сите во Република Македонија. Забраната за поднесување на иницијативи е спротивно на демократските процеси и е одраз на тоталитарниот ум кој сеуште владее во СДСМ.
Најавата од СДСМ за покренување на кривична пријава претставува уште една убава можност во судска постапка еднаш засекогаш да ги разобличиме безочните лаги со кои СДСМ и нејзиниот портпарол веќе подолго време ја манипулира македонската јавност“.
Од Министерството додаваат и дека лажното пријавување е кривично дело само по себе согласно член 366 од кривичниот законик на Република Македонија.
Претходно на прес конференција, портпаролот на СДСМ во врска со поднесената пријава, додаде дека „во име на еднаквиот третман на сите пред лицето на правдата, поднесовме кривична пријава за основано сомневање за сторено кривично дело Злоупотреба на службената положба и овластување од член 353, став 5 од Кривичниот закон, и нанесена штета на Буџетот на РМ во вредност од над 3,5 милијарди денари или повеќе од 58 милиони евра.
Се сомневаме дека спротивно на членовите 3, 4, 5 и 8 од Законот за меморијални споменици и спомен обележја (ЗМССО) прво обвинетата учествувала, поттикнала и ја злоупотребила својата функција на начин што во име на Министерството доставила 13 иницијативи до општина Центар за подигање на 22 спомен – обележја. Иако од содржината на истите и описот на ликовите даден во иницијативите произлегува дека се работи за изградба на меморијални споменици, за не е надлежна општината туку Собранието на РМ“, пренесе Петре Шилегов од СДСМ.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
Ја турка ли СДСМ државата во меѓународен блам?
-
Васо Ристов е „момче за се“ во културата: Можно ли е четири високи функции да обавува истовремено?
-
Министерството за култура ќе распише нови огласи за поништените седум конкурси за директори
-
Новиот закон за култура ќе има контрола врз темите, идеите и пораките што ги праќаат творбите и филмовите