| четврток, 6 декември 2018 |

Арената „Филип Втори“ домаќин на европскиот Суперкуп?

Спортскиот портал „ekipa.mk“, повикувајќи се на извори од ФФМ, пишува дека арената „Филип Втори“ ќе биде вклучена во кандидатурата за домаќин на европскиот Суперкуп во 2016-та година

filip-vtori-500

Победникот на Лигата на шампионите и освојувачот на Лига Европа на мегдан во Скопје, на арената „Филип Втори“. Звучи неверојатно, но не и невозможно. Со реконструкцијата, нашиот стадион стана еден од најубавите во регионот, па и пошироко, а со неколку корекции може да биде домаќин на еден голем европски меч.

Спортскиот портал „ekipa.mk“, повикувајќи се на извори од ФФМ пишува дека нашиот фудбалски храм ќе биде вклучен во кандидатурата за домаќин на европскиот Суперкуп во 2016-та година.

-Ќе ни требаат некаде околу 20 милиони евра за да се комплетира арената „Филип втори“. Потребни се корекции на стадионот, за да се заокружи конструкцијата. Ќе мора да се подобри инфраструктурата за пристап до стадионот, да се корегираат недостатоците во внатрешниот дел, но вреди да се направи напор и да се поднесе кандидатура за организација на Суперкупот на УЕФА, изјавил изворот за ekipa.mk.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top