| четврток, 6 декември 2018 |

Васко Андоновски нов амбасадор во ОН

vasko andonovski

Дипломатот од кариера Васко Андоновски, кој во изминатиов период ја извршуваше функцијата портпарол на Министерството за надворешни работи, ќе биде нов македонски амбасадор во седиштето на Обединетите нации во Њујорк.

Тој ќе го замени досегашниот амбасадор во ОН, Пајо Авировиќ, чиј мандат е изминат.

Веста за новиот македонски амбасадор ја потврдуваат и од МНР. Андоновски во изминатите години работеше во македонската амбасада во Пекинг, Кина, како и во дипломатската мисија во Рим, Италија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top