
Владата денеска повторно ќе ја разгледува состојбата со загадувањето на воздухот во Скопје, Битола, Кичево и во Тетово.
Доколку состојбата не е променета, министерот за животна средина и просторно планирање, Абдилаќим Адеми, најави порадикални мерки.
– Од информациите на Управaта за хидрометеоролошки работи ќе зависи и одлуката на Владата за продолжување на мерките заради состојбата со амбиентниот воздух – рече Адеми.
Поради високиот процент на честички ПМ10 во воздухот, Владата донесе одлука за ослободување од работни обврски за бремените жени, лицата над 60 години и лицата болни од астма, без разлика на возраста, со препорака од матичен лекар.
До утре важи и препораката работниците што работат на отворено, како што се градежните работници, тоа да го прават од 11 до 17 часот, а градинките, основните и средните училишта да немаат активности на отворено.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


