| четврток, 6 декември 2018 |

Раде Стојановиќ: Зомимак ќе биде тврд орев и без мене

Раде Стојановиќ замина за Драмен и кариерата ќе ја продолжи во Норвешка, но не го заборави Зомимак, екипа со која ја испиша клупската историја со пласман во фазата по групи во Купот на ЕХФ.

Бомбардерот беше еден од најзаслужните за елиминацијата на дански Орхус со неверојатни 19 погодоци на двата дуели. Во реваншот во Струмица што Зомимак го доби со 9 разлика, Стојановиќ постигна импресивни 13 гола, а потоа во договор со Управата на струмичани направи трансфер во Норвешка и ќе игра за Драмен.

– И без мене Зомимак ќе биде тврд орев за сите екипи, осоебено во Струмица. Клубот се гради постепено, а сигурен сум дека проектот Зомимак ќе биде успешен. Луѓето што го водат клубот беа екстра коректни кон мене, во екипата владее огромно другарство и среќен сум што бев дел од Зомимак – изјави Стојановиќ за „Балкан хендбол“.

Во следните 5 месеци тој ќе игра за Драмен, а потоа, во зависност од игрите, постои можност за продолжување на договорот и престојот во Норвешка.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top