В сабота од 13 до 15 часот во ГТЦ ќе се одржи големо предновогодишно дружење. Настанот е во организација на ,,Млади за љубов’’, кои и оваа година традиционално ве очекуваат со пакетче љубов и многу гратис гушкање за среќа. За секого се спакувани подароци со најубави желби, а за најмалите слатко изненадување – голема пињата со бомбони. Гратис дарувањето на случајните минувачи има за цел да ја крене свеста за важноста на филантропијата.
Со нив ќе бидат и пријателите од ,,Лице в лице’’, со најновиот број на магазинот и новогодишни честитки кои ќе можете да ги купите и испратите радост некому.
Посакајте Среќна Нова Година со слатки, насмевки и топли прегратки!
Facebook event: https://www.facebook.com/events/559037000854398/?notif_t=plan_user_joined
Младинската организација „Млади за љубов“, во рамките на своите активности веќе 5 години успешно ја спроведува кампањата „Гратис Гушкање“ со работен концепт базиран на тимска работа која тргнува од мотото „повеќе љубов за луѓето”. Социјалната кампања има за цел да ја покрене свеста за љубов, филантопија и потребата да се сподели со другите.
„Лице в лице“ е дел од платформата за активизам, во чии рамки излегува истоименото улично списание на македонски јазик. „Лице в лице“ е независен медиум кој излегува еднаш на два месеци на улиците на Скопје, а го продаваат исклучиво најзагрозените, маргинализирани сограѓани. „Лице в лице“ го промовира моделот на социјално претприемништво во земјава, со тоа што преку продажбата на магазинот за продавачите се обезбедува редовен приход.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.