| четврток, 6 декември 2018 |

Новески најдобар македонски фудбалер во 2013 година

Николче Новески е најдобар македонски фудбалер за 2013 година во изборот што го направи Фудбалската федерација на Македонија. Дефанзивецот на германски Мајнц за првпат го доби ова признание, а сосема заслужено го понесе бидејќи во континуитет игра одлично во едно од најсилните првенства, Бундеслигата.

Број еден на домашната сцена е напаѓачот на Турново, Дејан Блажевски, кај дамите очекувано најдобра е Наташа Андонова од герамснкиот Потсдам, а награди добија и Драган Поповски, претседателот на Работнички, за најдобар спортски работник, неговата екипа за фер игра, Јован Костовски за прв стрелец, Благоја Милевски за најдобар тренер, Андон Дончевски за животно дело….

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top