Поезијата на македонскиот поет Никола Маџиров е објавена во Индија и во Израел. Индискиот тиражен дневен весник „Њу индиан експрес“ објави афирмативен осврт за книгата на Никола Маџиров „Остаток од друг век“.
Таа беше издадена двојазично, на англиски и на македонски јазик во Велика Британија, во превод на Пеги и на Греам Рид, Магдалена Хорват и на Адам Рид.
Поезијата на Маџиров, но во превод на хиндипо јазик, беше објавена во водечкиот дневен весник на хинди во Индија – „Џансата“, а на хебрејски во независниот израелски весник „Мегафон њуз“
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.