Во Музејот на Град Скопје денеска ќе биде отворена изложбата „Археолошка изложба 2013“ која ќе биде ретроспективна и ќе ги прикаже вредните пронајдоци, кои, почнувајќи од 2007 до 2013 година, беа откриени на локалитетите на територијата на Македонија.
Повеќегодишните истражувања на локалитетите Хераклеја Линкестидска, Скупи, Вардарски Рид, Стоби, Кокино, Плаошник, Тетовско Кале (Балтепе), Градиште – с. Кнежје, Таурисиум (Таор), Стибера, Св. Преображение – с. Зрзе, Цареви Кули, Исар – Штип, Баргала и Градиште – Неготино, беа составен дел од програмата на Владата, а во координација со Министерство за култура – Управа за заштита на културното наследство беа реализирани од националните установи: Музеј на Град Скопје, Заводите и Музеите од Охрид, Битола, Штип, Прилеп и Струмица, Музеј на Македонија, НУ Музеј Гевгелија, НУ Музеј – Куманово, НУ Стоби – Градско, Народен музеј – Свети Николе, Музеј на тетовскиот крај – Тетово, како и со придружните активности на Националниот конзерваторски центар – Скопје.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.