
Лидерот на СДСМ, Зоран Заев смета дека му се извртени одговорите кои ги дал во интервју за Македонската Телевизија. Тој смета дека ова е резултат, на како што вели, „опседнатоста на Никола Груевски и на медиумите под контрола на власта“ со него.
– Тоа го покажува ДНК анализата на интервјуто на претседателот Заев за МРТВ пред неколку дена. Секојдневно, извршителите на Груевски и власта, извлекуваат од контекст делови од одговорите на претседателот Заев во интервјуто, претставувајќи ги како наводни скандали. Не ВМРО-ДПМНЕ, туку граѓаните се тие кои даваат оценка за релевантноста на искажаните тврдења на претседателот Зоран Заев. Пред сите институции во Македонија, во годините на неговото делување, како носител на висока општествена функција, Зоран Заев покажа пример за тоа како одговорен политичар работи и треба да работи согласно позитивните законски прописи во Република Македонија – велат од СДСМ.
Беа објавени информации за средната класа, за парите префрлани за невладини организации кои ги основал тој и негови роднини и функционери од СДСМ, за приватизацијата.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


