| четврток, 6 декември 2018 |

Археолошка изложба во Музеј на град Скопје без украдените артефакти

artefakti

Традиционалната археолошка изложба која секоја година се одржува во Музејот на Македонија годинава е префрлена во Музеј на град Скопје и ќе биде значително посиромашна. „Археолошка изложба 2013“, која треба да биде завршница на работата на археолошките локалитети во земјава, годинава е замислена како ретроспектива на сѐ што е пронајдено од 2007 до 2013 година. Изложбата е в четврток, во 14 часот.
Ќе бидат изложени вредните пронајдоци, кои во изминатите шест години беа пронајдени на Хераклеја Линкестис кај Битола, Скупи и Таурисиум кај Скопје, Вардарски Рид, Стоби кај Градско, Kокино, кај Kуманово, Плаошник во Охрид, Тетовско кале (Балтепе), Градиште кај светиниколското село Kнежје, Стибера и „Св. Преображение“ кај селото Зрзе, Прилепско, Цареви Kули кај Струмица, Баргала и Исар во Штип, Градиште кај Неготино.
Изложбата ја организираат Министерството за култура и Управата за заштита на културното наследство во соработка со Музејот на град Скопје, заводите и музеите од Охрид, Битола, Штип, Прилеп и од Струмица, музеите на Македонија, Гевгелија, Kуманово, Свети Николе, Тетово, археолошкиот локалитет Стоби и Националниот конзерваторски центар – Скопје.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top