
И покрај многуте шпекулации дека наскоро ќе прават свадба, Слаткар вели дека раката на Сања сѐ уште ја нема побарано, но, и покрај тоа што го немаат кажано судбоносното да, тој веќе ја доживува како своја сопруга.
– Па, ние долго време живееме заедно. Јас сум среќен човек што ја имам Сања покрај себе. Ние речиси сме маж и жена. Таа е најпрекрасната жена која сум ја запознал. Многу си се сакаме. Мислам дека таа е вистинската. Нели велат никогаш не вели никогаш и обратно, но јас знам дека таа е најубавото нешто што ми се случило во животот – вели раперот за Вечер.
Слаткар и Сања Николиќ се во врска четири години, а три години живеат заедно.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


