| четврток, 6 декември 2018 |

Слаткар ја поддржа кампањата на здружението „Билка“

Кампањата на Здружението за канабис и зелени политики „Билка“ од Скопје денеска ја поддржа пејачот Марко Маринковиќ- Слаткаристика. Тој беше дел од промоцијата на вториот дел од кампањата кој се одржа во Универзалната сала и изјави дека канабисот во Македонија треба да се легализира.

-Во Америка, канабисот легално се користи во 29 сојузни држави за медицински цели. Неодамна, во Амстердам го снимав мојот нов спот “I wanna get high“. Холандија како земја, освен што е позната по лалињата, велосипедите, по проститутките, позната е и по легализацијата на канабисот. Ја посетуваат 5 милиони туристи годишно. Зошто и ние да не станаме Холандија? Зошто и ние да не лапаме пари од странски туристи? Само тоа може да не извади од оваа економска состојба, изјави Слаткар на промоцијата. Како дел од здружението „Билка“, на настанот зборуваше и пејачот Џон Илија-Апелгрин.

По официјалниот сел, премиерно се прикажа спотот за песната “I wanna get high” .

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top