Сања Папиќ доживеа голема трагедија. Познатата мисица на кратко се одвои од сопругот, но не се ни посомневала дека тоа ќе биде засекогаш. Имено, нејзиниот сопруг Миша Огњнеовиќ убиен е на Нов Белград. Сања оваа вест ја дочека на хрватското приморје каде отпатувала со ќерката, чекајќи го сопругот да допатува кај нив.
Судбината грдо си поиграла со нив, па наместо среќна годишнина од бракот и романтично семејно патување, Сања ја дочекала огромна болка и тага.
Убавата мисица ова време го поминува со ќерката која се уште нема една година, а сега прв пат се огласи по трагедијата. Имено, се уште во шок и скршена, Сања напишала само три зборови: Мил, мој, најсакан…
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.