| четврток, 6 декември 2018 |

Тажна годишнина: Пред една година си рекоа „да“, а сега таа е завиена во црно!

Поранешната мисица на Србија, Сања Папиќ пред точно една година, во седмиот месец од бременоста, на вечна љубов му се заколна на адвокатот Драгослав Миша Огњановиќ, кој пред повеќе од една недела беше убиен пред својата зграда.

Сања на денешен ден беше неизметно среќна, за што сведочат и фотографиите од Париз каде се венчале далеку од очите на јавноста, а кои таа денес ги објави.

Трагедијата која им се случи ги спречи познатиот адвокат и екс мисицата заедно да ја прослават првата годишнина од бракот.

Драгослав Огњановиќ беше погребан на 1 август на гробиштата во Белград.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top