| четврток, 6 декември 2018 |

Лидерите на западните земји ќе го скокнат отворањето на ЗОИ 2014 во Сочи

soci

Политичарите од „големите„ западни земји, САД, Германија, Франција и Велика Британија, нема да присуствуваат на свеченото отворање на Зимските олимписки игри во Сочи, Русија.

Претседателот на Рускиот олимписки комитет, Александар Жуков потврдувајќи ја ваквата информација истакна дека, недоаѓањето на свеченото отворање на ЗОИ 2014 во Сочи на водечките западни политички лидери нема да има никакво негативно влијание на игрите.

– Нивното отсуство во никој случај нема да влијае на игрите, ниту ќе го намали нивното значење. Поентата на ОИ е натпреварувачкиот дух на самите спортисти, а не присуството на 20-30 државници, изјавил Жуков, како одговор на одлуката на претседателот на САД, Барак Обама, да не присуствува на отворањето на игрите.

Покрај американскиот претседател Обама, најава дека нема да присуствуваат на свеченото отворање на ЗОИ има и од претседателите на Франција, Франсоа Олан и Германија Јоаким Глук, како и британскиот премиер Џејмс Камерон, кои ваквата одлука ја темелат на нивното несогласување со новиот закон во Русија со кој се забранува хомосексуалната пропаганда.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top