| четврток, 6 декември 2018 |

Миркуловски: На клупски план „не го можам“, ама за Македонија сме едно!

Македонските ракометни репрезентативци во моментов се наоѓаат во Пореч, Хрватска, каде што се подготвуваат за претстојното Европско првенство во Данска, во јануари идната година.

Иако нивните клубови, Металург и Вардар, се вечни и лути ривали на теренот, надвор од него ракометарите се многу добри пријатели. На последното дерби, при повредата на Наумче Мојсоски, Столе Стоилов беше првиот кој на раце го изнесе својот колега.

Клубовите не доаѓаат ни на второ место. Покрај другарството, поважна од ривалството е и родната земја.

– На клупски план „не го можам“, ама за Македонија сме едно – напиша Филип Мирукуловски под фотографијата на која е заедно со Столе Стоилов.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top