| четврток, 6 декември 2018 |

Велко Маркоски отпадна, неизвесен е и Миркуловски

Македонскиот специјалист за одбрана Велко Маркоски не тренира ниту на еден ден пред заминување за Украина и мали се шансите да настапи в четврток во Суми во петтиот натпревар од квалификациите за Европското првентво во Хрватска. Така, селекторот Раул Гонзалез ќе мора да пронајде ново решение за столб во одбраната на можеби клучниот натпревар.

Со намален интензитет тренира и Филип Миркуловски, но постои оптимизам дека ќе биде подготвен да настапи против Украинците. Борко Ристовски и Кире Лазаров доцна синоќа пристигнаа во нашата земја и вечерва ќе го одработат единствениот тренинг со селекцијата пред утрешното заминување за Украина.

В четврток во 18.00 часот Македонија гостува кај Украина, а во оваа група од квалификациите уште ниту една селекција не победи на гостински терен, а одиграни се осум натпревари.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top