Управата на Тотенхем одлучи да му покаже доверба и за нов тренер на клубот да го назначи некогашниот капитен Тим Шервуд.
Шервуд минатиот викенд го предводеше Тотенхем до победа над Саутемптон со 3-2, а веќе во понеделникот е донесена одлука тој да биде поставен на местото тренер во наредните 18 месеци.
По минатонеделниот отказ на Андре Вилаш Боаш, 44-годишниот Шервуд го презема Тотенхем иако до сега немал право тренерско искуство. Поради тоа управата на лондонскио тим има огромна доверба во некогашниот нивен капитен.
– Неволно моравме да ја раскинеме соработката со Андре Вилаш Боаш, но сметавме дека тоа му е потребно и е најдобро за тимот. Имаме силна екипа, која мора да има тренер кој ќе го извлече најдоброто од нив. Верувам дека шервуд има се што е потребно за остварување на таа цел – изјави претседателот Даниел Леви.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.


