Еден Британец синоќа можеше да стане најсреќниот човек, а за тоа беше потребно многу малку или, според некои, можеби и многу среќа.
Овој господин викендот се обложил вложувајќи две фунти за добивка од 500 илјади фунти. Тој погодил кој ќе постигне прв гол на дури шест различни натпревари, а од половина милион фунти го делеше Рамзи, кој требаше синоќа да постигне гол на натпреварот меѓу Арсенал и Челси.
Земајќи ја предвид формата на Велшанецот, тоа беше многу реално, но за негова штета натпреварот заврши со резултат 0-0, а тој остана без добивката од половина милион фунти.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.