Државното средно училиште за ликовна уметност и дизајн „Лазар Личеноски“ од Скопје приредува Новогодишна изложба која ќе се отвори во училишната галерија „Лазар Личеноски“. Изложбата е во четврток, 26 декември, во 19 часот, а ќе ја отвори Министерот за образование и наука на Спиро Ристовски.
На изложбата ке бидат претставени дела од учениците од сите четири години и ќе претставува пресек на досега сработеното во прво полугодие по уметничките предмети кои се изучуваат во училиштето.
Ке бидат претставени и првите изработени задачи од новиот оддел мултимедиски дизајн.
Оваа изложба се случува во предвечерието на големиот јубилеј на единственото уметничко училиште во нашата држава кое идната година година прославува 70 годни од постоењето.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.