| четврток, 6 декември 2018 |

Цар Самуил привремено ќе се пресели од Грција во Бугарија

samoil

По вчерашните реакции од Бугарија во кои се бара споменикот на Цар Душан да не биде поместен од центарот на Скопје затоа што тој бил Бугарин а не Србин денеска нови историско – политички информации од источниот сосед, јави вчера Канал 5.

Дел од бугарските медиуми тврдат дека постои план според кој посмртните останки на Цар Самуил може привремено да бидат пренесени од Грција во Бугарија.

Идејата е коските кои според дел од научниците се наоѓаат во гробот во црквата Свети Ахил на островот на малото Преспанско Езеро да бидат оставени за поклонение во градската црква Света Софија“. Тоа треба да се случи по повод прославата на 1.000-годишнината од битката кај Беласица, пренесува бугарскиот весник Преса.

повеќе овде

 

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top