| четврток, 6 декември 2018 |

Во Белгија хаос на Бадник поради кредитните картички

soping

Дефект во системот за наплата со кредитни картички во Белгија предизвика сериозни проблеми во продавниците, станиците и паркинзите пред Бадник. Како во градот Брисел, така и во регионите Фландрија и Валонија, терминалите за електронско плаќање или работеле многу бавно или биле неупотребливи уште од пладнето. Во Брисел се случила целосна мешаница во продавниците, како и на паркинзите и шалтерите на белгиската железничка компанија.

Во продавниците клиeнтите биле принудени да ги остават купените работи на касата и да се обидат да извадат пари од банкомат. Фирмата која управува со мрежата за електронско плаќање во Белгија, соопшти дека се вршат проверки, но се уште не се знае причината за дефектот и колку време ќе биде потребно за негово отстранување.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top