| четврток, 6 декември 2018 |

„Александар Велики“ ќе остане затворен до утре, авионите се пренасочуваат кон Охрид и кон Софија

aerodrom magla

Состојбата на скопскиот аеродром останува неповолна за авиосообраќај како и во изминатите неколку дена, дури и со одредено влошување поради значително густата магла и ниската видливост, информираат од „ТАВ Македонија“.

Според прогнозата, во следните 24 часа не се очекуваат слетувања и полетувања на авиони.

– Летовите на „Визер“ ќе се одвиваат од софискиот аеродром. Превозот за патниците е организиран со автобус од скопскиот аеродром. За подетални информации ги советуваме патниците да се обратат во центарот за контакт на „Визер“. Летовите од Истанбул, Љубљана и за Дубаи се пренасочени кон Охрид. Останатите летови се откажани. До патниците апелираме да дојдат на аеродромот минимум три часа пред закажаното полетување бидејќи претставниците на авиокомпаниите може да им понудат повеќе опции: автобуски превоз до друг аеродром, хотелско сместување и презакажување на летот и попуст при следна резервација, алтернативни датуми и друго – велат од ТАВ.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top