| четврток, 6 декември 2018 |

Благајник во српската црква проневерил милион евра

Благајник во Српската православна црква е осомничен дека проневерил неверојатни милион евра.

Криминалот бил откриен додека се вршел попис на благајната на белградско-карловачката архиепископија и бил веднаш пријавен во полиција.

Осомничениот кој долги години работел во патријаршијата, но не бил свештено лице бил веднаш уапсен.

Полицијата има сомневања дека тој имал помош при извршувањето на кривичното дело, па поради тоа под истрага се и другите благајници од оваа архиепископија.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top