| четврток, 6 декември 2018 |

Зомимак остана без бомбардерот, Раде Стојановиќ замина во Драмен

Струмички Зомимак остана без Раде Стојановиќ, еден од најдобрите ракометари на тимот што игра во Купот на ЕХФ. Бомбардерот замина во норвешкиот Драмен иако имаше понуда и од Иври од Франција, а со струмичани се раздели спогодбено.

– Имав понуда и од Иври, но со менеаџерот одлучивме да ја одбереме подобрата опција, а тоа е Драмен – изјави левиот бек. Тој ќе игра во Норвешка во следните 5 месеци или до крајот на оваа сезона.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top