| четврток, 6 декември 2018 |

Се фрлил од облакодер во Њујорк заедно со тригодишниот син

Димитриј Канариков (35) вчера се фрли од прозорец на еден облакодер во Њујорк и со себе во смрт го понесе и својот тригодишен дин Кирил. Причина за трагедијата била судската одлука за старателството врз детето кое ѝ било доделено на поранешната сопруга на Димитриј, Светлана Букарина.

415239dmitrij-kanarikov1ff

 

Несреќниот човек се фрлил од зградата висока 52 ката на Менхетн и починал на самото место, додека неговото дете, кое го преживеало падот, на повредите им подлегнало во болница. Во моментот на убиството детето на себе носело божикна пижама.

Таткото-самоубиец се качил на покривот од зградата во која наводно живеел негов пријател, а полицијата претпоставува дека детето или го турнал или го фрлил од врвот на облакодерот бидејќи тоа е пронајдено подалеку од местото каде што лежело безживотното тело на таткото.

Се претпоставува дека Канариков, инаку украински емигрант, на кобниот чекор бил принуден поради судската одлука детето да ѝ се додели на мајката.

415198njujork-samoubistvo-apff

 

Починатиот не оставил проштално писмо пред да го изврши самоубиството, но на својот профил на „Фејсбук“ во септември напишал неколку зборови, кои во контекст на овој трагичен настан звучат морничаво:

– Сакам да бидам најдобар татко и маж!

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top