| четврток, 6 декември 2018 |

Катастарот во Ѓорче Петров е под окупација на граѓаните

Граѓаните од месните урбани заедници од општина Ѓорче Петров во голем број ги искористија трите дена кои градскиот катастар, во договор со општина Ѓорче Петров им ги овозможи на ѓорчепетровци за разгледување на нерешените катастарски проблеми кои долгогодишно ги мачат

KATASTAR

Уште првиот ден, на 5 февруари над 500 жители од Ѓорче Петров беа пред вратите на катастарот.

Во изминативе три дена неколку катастарски комисии, во присуство на поднесителите на барањата, ревносно ги разгледуваа предметите обидувајќи се во рамките на важечките законски можности, истите да ги решат. Голем број од поднесените предмети од страна на граѓаните од општината Ѓорче Петров постапно ќе бидат решавани со што ќе се разрешат долгогодишните натрупани проблеми од катастарска природа.

Општината Ѓорче Петров и катастарската служба и во иднина ќе овозможат граѓаните да можат да ги образложуваат своите проблеми пред катастарските служби.

За сите идни акции од ваков карактер граѓаните ќе бидат навремено известени.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top