Друштвото на ликовни уметници на Македонија (ДЛМ), во соработка со Културно- информативниот центар (КИЦ), утре, на 24 декември, ја отвора изложбата ДЛУМ „Мал формат“ во 20 часот, во галерискиот простор „Империјал I“. На изложбата ќе се претстават 75 автори-членови на ДЛУМ од цела Македонија, со вкупно 140 ликовни дела.
На изложбата „Мал формат“ од страна на Друштвото на ликовни уметници на Македонија ќе се доделат значајни признанија од областа на ликовната и визуелната уметност „Димитар Пандилов“ за сликарство, „Драгутин Аврамовски Гуте“ за графика и „Димо Тодоровски“ за скулптура. Од страна на КИЦ ќе се доделат наградите „Методија Ивановски-Менде“, „Константин Мазев-Коце“ и наградата „Вангел Коџоман“.
Малиот формат како творечки предизвик претставува честа дневна практика на ликовните уметници. Магијата на „малиот квадрат“ во површина 25х25цм претставува искушение и за најголемите мајстори на визуелната уметност. Чувството на внатрешниот порив да го совлада малиот квадрат, на концизен, лапидарен, понекогаш метафоричен и езоповски начин да го транспонираат собитието и мотивот од големите форми во помалата мерка.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.