| четврток, 6 декември 2018 |

Маглата и го одзема здивот на Мелита

melitaТелевизиската водителка Мелита Ракичевиќ се бори за здив на скопската магла.
-Јас имам сериозен проблем од загаденоста, бидејќи имам проблем со дишењето, веќе шест месеци сум на терапии за алергии. Сега ми се влошува состојбата од воздухот заради астмата која што ме мачи цела година.
Мелита се придржува до препораките, но и дома воведува нови правила на заштита. На пример со апарат за прочистување на воздухот. Инхалаторот пак станал редовна дребулија меѓу работите во нејзината чанта.
-Од многу стресна и долгогодишна работа паѓа имунитетот и трпи здравјето. Се чувам колку можам, но воздухот убива.Затоа Мелита се придржува до пропишаните норми за однесување, а тоа го препорачува и на другите.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top