Тренерот на Борусија Дортмунд Јирген Клоп, изјави дека заморот на неговите играчи е причина за поразот од тимот на Херта во 17. коло во германскиот шампионат.
„Милионерите“ со тоа доживеаа уште еден тежок удар на домашен терен оваа сезоана и почнаа да го губат чекорот со Баерн Минхен во борбата за титула.
– Го почнавме многу добро овој натпревар, а го завршивме во солзи. Слабо реагиравме по вториот примен гол, не успеавме да се вратиме во натпреварот. Дефинитивно им треба одмор на фудбалерите. Сепак, одговорни сме за слабите резултати и мораме добро да размислиме за некои работи и да ги решиме проблемите – изјави Клоп.
Борусија моментално се наоѓа на третото место во Бундеслигата со 32 бода, 12 помалце од првопласираниот Баерн Минхен.
Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.
Поврзани вести
-
„Жолтиот ѕид“ никогаш не изгледал потажно: Германците уште еднаш порачаа, понеделник не е ден за фудбал (фото)
-
Клоп по победата над Порто: Обично не е толку лесно
-
Клоп: Еден помошник судија сакаше да биде во центарот на вниманието
-
Гундоган со детали од престојот во Дортмунд: На тренинг доаѓавме пијани