| четврток, 6 декември 2018 |

„Снежен град“ и оваа година во Маврово

снежен град

И оваа година, веќе традиционално, ученици од македонските основни и средни училишта ќе учестуваат на детските манифестации „Снежен град“ и „Снежен карван“ во Маврово. Снежниот град ќе почне да се гради од 11 до 16 февруари, а потоа ќе биде отворен за посетителите, информираат од детскиот културен центар „Карпош“. Потоа почнува вториот дел од манифестацијата „Снежен караван“. Учениците ќе бидат во екипи од по десетина деца со свој ментор.

Во рамки на манифестацијата се одржуваат и други активности од креативно-рекреативен карактер како „Снежната квизотека“, избор на Снежна убавица, Снежен крос, Најслатка бонбона, Снежно бинго, Бал под маски и забава за учесниците на „Снежниот град“.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top