| четврток, 6 декември 2018 |

(Видео) Анонимуси до Грција: Зошто ја крадете македонската историја?

До луѓето во Грција, ние сме Анонимуси, речиси секој граѓани од вашата земја е националист. Од сенка ја анализиравме работата на Грција,. Вие нема да ја прифатите Македонија во Европската унија, се додека Македонија не го смени нејзиното име. Зошто Грција се обидува да ја украде македонската историја?

На страната на Македонија ли се и Анонимуси? Со видео објавено на Јутјуб, чија автентичност се уште не е утврдена, ја обвинуваат Грција за нејзиното континуирано блокирање на нашата земја. Во 4 минутното видео, користат аргументи од истражувањето на американскиот историчар и филозоф Јуџин Борза, објавени во неговата кинга, јави предмалку Канал 5.

„Долго пред да има доволно антички докази да се расправа за етничкиот идентитет – откриени врз база на јазикот – на античките Македонци, се појавија грчките позиции тврдејќи дека македонскиот јазик бил грчки, а со тоа и жителите беа Грци. Модерните Грци, затоа, имаат развиен став дека Македонците се Грци, долго пред да има доволно антички докази да се расправа за нивната етничка припадност. Сепак, иако модерната историографија одамна ја напушти оваа предвреме поставена грчка позиција, модерните Грци се уште се нејзините најпосветени бранители и покрај убедливи докази кои денес стојат на располагање, од кои поголемиот дел покажуваат дека Македонците не се Грци туку се посебна нација. “

Ставот на Грција кон Македонија е несреќен и бескорисен – завршуваат Анонимуси и додаваат дека тие се тука за да го обединат светот.

Дали навистина се Анонимуси или не, за Златна зора, не е воопшто важно. На нивниот сајт, експресно се појави коментар : Анонимуси- агентите на САД, на страна на скопските измамници.

Од неонацистичата партија сметаат дека со ова видео, не само што ги навредуваат нив, и грчките националисти, туку се и непријателски ориентирани кон Грција.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top