| четврток, 6 декември 2018 |

Компаниите ќе добиваат по 2.400 денари за секој вработен социјалец

sednica-vlada-500

Секој работодавач доколку се одлучи да вработи примател на социјална помош, во следните 24 месеци ќе биде
субвенциониран со дел од средствата, кои ги добивало лицето како социјална помош, одлучи Влада на денешната отворена седница.
Мерката ќе стартува откако Собранието ќе ги изгласа предложените измени на законите за вработување и социјална поддршка во случај на невработеност.

Оваа одлука значи дека доколку примателот на социјална помош добивал по 3.000 денари месечно, кога ќе се вработи неговиот работодавач во следните 24 месеци ќе добива по 2.400 денари субвенција.
Целта на оваа мерка е да се поттикнат компаниите и работодавачите за вработување на приматели на социјална
помош.

Republika.mk - содржините, графичките и техничките решенија се заштитени со издавачки и авторски права (copyright). Крадењето на авторски текстови е казниво со закон. Дозволено е делумно превземање на авторски содржини (текст и фотографии) со ставање хиперлинк до содржината што се цитира.

Top